Испратете ни барање за понуда или посетете нè во најблиската канцеларија. Нашиот тим е секогаш подготвен да одговори на вашите прашања, да понуди решенија и да ви помогне да ја започнете реализацијата на вашата визија.
Во ЈОПО Холдинг, луѓето се срцето на нашиот успех. Нашиот тим се состои од стручни, посветени и високомотивирани професионалци кои ги спојуваат искуството и современите методи на работа.
Секој член на тимот придонесува со својата експертиза, со цел да создадеме решенија што се квалитетни, ефикасни и долготрајни. Веруваме во тимска енергија, лидерство, одговорност и континуирана едукација.
Затоа сме горди на луѓето кои стојат зад секој наш проект.
ЈОПО Холдинг ја гради сигурноста и квалитетот врз основа на традицијата, искуството и знаењето.
Од своето основање, ЈОПО Холдинг е посветен на создавање на решенија кои ја обликуваат иднината. Со успешно справување со временските и технолошките предизвици, изградивме бренд во градежништвото и инфраструктурата чиј потпис стои зад бројни реализирани проекти.
ЈОПО Холдинг ги почитува правилата на пазарот, барањата на клиентите и ја вреднува уметноста на создавањето, секогаш давајќи предност на знаењето и иновацијата.
Благодарение на нашиот стручен тим, за нас не постојат рокови кои не можат да се испочитуваат, ниту стандарди кои не можат да се достигнат.
Со сигурни чекори продолжуваме кон исполнување на нашата визија – да бидеме двигател на модерната градба и развојот.
Вистински луѓе на вистински позиции – ова е водечката филозофија во управувањето со човечките ресурси во ЈОПО Холдинг. Нашиот тим го сочинуваат висококвалификувани професионалци со долгогодишно искуство, кои со својата експертиза ја гарантираат сигурноста и го потврдуваат квалитетот на секој проект.