ЈОПО Холдинг комбинира експертиза, визија и современа опрема за сигурна и квалитетна реализација на секој проект.

ЈОПО Холдинг е доверлив партнер во областа на градежништвото и инфраструктурата. Од основањето па сè до денес, успешно реализираме комплексни и барани проекти, користејќи современи технологии, сигурна механизација и решенија со минимално влијание врз животната средина.

Нашата мисија е да создадеме додадена вредност за клиентите, поставувајќи високи стандарди и нудејќи иновативни, безбедни и навремени решенија во градежната индустрија.

ЕНЕРГЕТИКА

ИНЖЕНЕРСКИ ОБЈЕКТИ

СПЕЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

Вистински луѓе. Вистински резултати

Техничка опременост

Современата технологија станува непроценлива кога ја води раката на искусниот градител

Примената на технологијата е клучен предуслов за остварување на иновативни и ефективни решенија. Кога вистинската идеја се спои со стручни луѓе и модерен технолошки арсенал – нема невозможна мисија. Благодарение на диверзифицираната опрема, Јопо Холдинг им овозможува на клиентите широк спектар на избор, прилагоден на секој предизвик. Нашата висококвалитетна механизација и современ возен парк се во согласност со највисоките светски стандарди во градежната индустрија.

  • Вибро ваљак
  • Комбиниран ваљак
  • Мобилен миксер за бетон.
  • Багер
  • Натоварувач
  • Булдожер
  • Мултифункционален ровокопач 
  • Камион кипер
  • Финишер за вградување на асфалт 
  • Платформа за транспорт на градежни машини